НОВАТА РУСКА НУКЛЕАРКА МОЖЕ ДА ЛЕТА ПРЕКУ ЈУЖНИОТ ПОЛ: За „Сармат“ ракетата која ќе ја замени „Сатана“ сеуште нема измислено одбрана!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Русите ја тестираат новата интерконтинентална балистичка ракета „Сармат“ која треба да ја замени прочуената „Војвода“ (или „Сатана“, по класификацијата на НАТО). Новото оружје е строго чувана државна тајна, но поединечни детали веќе се познати

sarmat_silos

Во Русија е завршено тестирањето на моторите од прв степен на новата интерконтинентална ракета „Сармат“, која ќе влезе во употреба на почетокот на 2020 година. Тактичко-техничките карактеристики на ова оружје се строго чувана државна тајна. Во овој текст ќе бидат изнесени податоци од она што е досега достапно од воените експерти и конструкторите.

„Сармат“ е тешка интерконтинентална ракета на течно гориво со ознака РС-28. Тешка е вкупно 100 тони, а 10 тони е тежок само делот кој ја содржи боевата глава, односно делот кој стигнува до целата. Ракетата треба да биде испорачана на стратешките ракетни трупи на Руската Федерација по 2020 година, и да го замени во моментов најубиствениот и најтежок балистички проектил на светот Р-32М2 „Војвода“ (по класификација на НАТО СС-18 „Сатана), тешка вкупно 211 тони, со тоа делот што стигнува до целта е тежок 8.8 тони.

Новата ракета е полесна од „Војвода“ и има поголем домет. „Војвода“ може да прелета 11.000 км, а дометот на „Сармат“ е 17.000 километри. Новата ракета може да лета дури и преку Јужниот пол, од каде што никој не очекува напад и каде што никој не прави ракетен „чадор“.

Покрај тоа, „Војвода“ има 10 нуклеарни боеви глаи, додека „Сармат“ ќе има повеќеструки боеви глави со најмалку 15 независно наведувачки проектили. Тие ќе бидат групирани во облик на грозд. Секој проектил има боева глава со сила од 150-300 килотони и може да се одвои од „гроздот“ во момент кога програмата во самата боева глава ќе ја одреди нивната цел. Одвоената боева глава ќе лета кон целта со хиперсонична брзина (преку 5 маха), менувајќи го својот правец така да не може да биде пресретната од никакви системи на противракетна одбрана (ни сегашни, ни идни, ниту пак оние кои се потпираат на вселенски елементи).
Конструкторите велат дека „Сармат“ не се обзира на противракетната одбрана. Тој нема ниту да ја забележи.

Од „Војвода“ ќе останат најмалку 154 вкопани лансирни силоси (исто толку силоси веќе се уништени во склад со договорот „Старт 1“). Секако, нема во сите силоси да биде поставена новата ракета, но нивниот број ќе биде во склад со параметрите од договорот „Старт 3“, кој предвидува Русија и САД до 5.фебруари 2018 година да имаат по 700 спремни носачи на боеви глави и по 1.550 нуклеарни боеви глави на нив.

„Старт 3“ истекува во 2021 година, но тогаш може да биде продолжен за уште пет години, доколку се сложат страните.

Секој „Сармат“ ќе може да носи по 15 боеви глави, а во овој момент Русија според податоците на слободните извори, има 521 спремен носач со вкупно 1.735 боеви глави (САД имаат 741 носач со 1.481 боева глава)

Според генерал-мајорот Владимир Дворки, доктор по технички науки и главен научен соработник на Институтот за светска економија и меѓународни односи на Руската академија на науките, за решавањето на било каков проблем во врска со договорот „Старт“ доволни ќе бидат мобилните стратешки ракетни системи „Топол-М“, „Јарс“ и „Рубеж“, а во перспектива и борбениот железнички систем „Баргузин“.

„Сармат“ во лансирните силоси на „Војвода“ претставува згодна цел за прв непријателски напад.
„Ние никогаш нема први да извршиме ракетен нуклеарен напад, иако таква можност постои според нашата Воена доктрина“ вели Дворкин.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This