НОВА БАНКА НА РЕПУБЛИКА ИЛИРИДА: Функционерите на ДУИ почнаа да се фотографираат со новите банкноти на Република Илирида!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Банка на Илирида е новото име на Народната банка на Македонија според партиските функционерите на ДУИ, откако партијата постигна договор со СДСМ за воведување на двојазични банкноти како дел од пакетот за двојазичност, во рамки на т.н. „Албанска платформа“ потпишана и изработена во Тирана

pari_ilirida

Газменд Сејфули, екс-заменик директор на финансова полиција од редовите на ДУИ, на својот ФБ профил објави фотографија со дизајнот на „двојазичните“ банкноти договорени со Заев, велејќи дека кај него пристигнале новите банкноти на Банката на Илирида. Оваа информација ја потврди и портпаролот на партијата Бујар Османи.

banka_ilirida

“Кај нас пристигнаа новите 50 денари, тазе од Народната банка на Илирида. Ибрахим е член на Турската заедница и силно ја поддржува Република Илирида – напишал на својот ФБ екс-заменик директорот и партиски функционер на ДУИ.sejfula_bujar

По Али Ахмети, Талат Џафери и Бујар Османи, ова е уште еден доказ кој доаѓа од партиски функционер на ДУИ со кој паѓаат во вода обидите на СДСМ да се оправдаат пред јавноста дека информациите за тоа што е договорено при прифаќањето на платформата се манипулации.

Во гостувањето на портпаролот на ДУИ Бујар Османи во гостувањето на „24 Анализа“ ги потврди информациите дека Заев прифатил двојазични банкноти.

На прашањето дали банкнотата ќе биде двојазична, Османи одговори:

Тоа е предвидено во драфтот кој што е одобрен од Претседателството.

Запрашан дали тоа е предвидено во Законот кој што го усогласиле со СДСМ и дали СДСМ ќе гласа за тоа, Османи рече:

Стои во усогласениот текст на предлогот законот со СДСМ.

Прашан дали тоа не предизвикува дополнителни проблеми бидејќи е тоа противуставно како што велат некои експерти, Османи рече дека тие сметале оти тоа е во рамки на Уставот.

Османи беше и запрашан како ќе стои на банкнотата Народна Банка на Република Македонија, дали и на македонски и на албански јазик, при што кратко одговори:

-Па да.

sejfula_ahmeti

Освен ова, претседатлот на ДУИ пак, Али Ахмети ги потврди информациите на медиумите дека е точна информацијата дека тие со СДСМ и Зоран Заев веќе имаат договорено план за имплементирање на двојазичноста, и официјализирање на албанскиот јазик како втор официјален јазик во државата. Како што вели Ахмети, сега има двојазичност само на локално ниво и тоа само во некои општини, што според него не било доволно.

„Во парламентот на Република Македонија, ако јас сум претседател ќе зборувам на албански. Треба парламентарната седница да ја водам на албански јазик. И во говорна и во пишана форма, албанскиот треба да се користи во сите државни институции. Тоа значи официјална употреба на албанскиот јазик. Во овој момент албанскиот јазик се користи само на локално ниво.“, вели Ахмети.

Штетата која овие изјави на функционери на ДУИ им ја нанесуваат на СДСМ и дополнително го предизвикуваат гневот на народот кој беше излажан од Зоран Заев за време на предизборната кампања, франтично се обидуваат да ја санираат медиумските експоненти на опозицијата, финансирани од фондовите на Сорос и УСАИД. Така, Александар Чомовски гостувајќи на емисија во една албанска телевизија, се обидуваше да ја релативизира важноста на тоа дали банкнотите ќе бидат испишани само на Македонски, или на Македонски и Албански, велејќи дека не ја гледал разликата.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак порачаа, СДСМ да не го крие договорот кој го направиле со ДУИ и да обелоденат се што било договорено, а е произлезено од т.н. албанска платформа.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This