НОВА ВЕРЗИЈА НА УНГАРСКИТЕ МЕДИУМИ: Груевски летал со приватен авион на Унгарски бизнисмен, близок до Орбан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Луксузниот приватен авион во сопственост на еден Унгарски бизнисмен близок до унгарската влада, бил паркиран во Виена од крајот на октомври. Авионот регистриран како ОЕ-ЛЕМ, по неколку недели мирување во Виена, полетал утрината во вторникот и слетал во Будимпешта. Набрзо потоа, полетал повторно кон Белград, и потоа се вратил назад во Будимпешта. Летот до Белград се случил во критичните часови, токму кога екс-премиерот на Македонија Никола Груевски побарал азил во Унгарија, пишуваат унгарските новинари на блогот „Атлатсзо“


Во септември годинава, унгарските медиуми објавија дека владината елита во Унгарија, вклучително и премиерот Виктор Орбан користат нов авион „Бомбардиер Глобал 6000“, луксузен приватен авион вреден 53 милиони евра. Медиумите во земјата објавија и фотографии од Виктор Орбан како излегува од авионот на враќање од фудбалски натпревар во Бугарија. Сопствеништвото на авионот не е целосно утврдено, а е регистриран во Австрија. Сепак, „Атлатсзо“ успеале да пронајдат неколку линкови во врска со сопственикот на авионот, кои укажуваат дека е на Лоринц Мешарош, близок пријател на Орбан.

Од унгарската влада пак велат дека авионот е во сопственост на друг бизнисмен, Истван Гаранши.

Авионот бил со недели паркиран во Виена пред да полета во раните утрински часови на 14. ноември, токму кога беше актуелен случајот со Груевски. Авионот полетал неколку часа откако екс-македонскиот премиер, објавил дека бара азил во Унгарија.

ОЕ-ЛЕМ полетал од Виена и слетал во Будимпешта кратко пред 6.30 часот, полетал од таму во 8.часот утрината и летал до Белград. Слетал во рок од 30 минути. Авионот се вратил во Унгарија попладнето, околу 4. часот. Оттогаш авионот е на аеродромот во Будимпешта.

Според унгарските медиуми, објавата на Груевски на 13. ноември била димна завеса, и дека во моментот кога тоа го напишал не бил во Унгарија, туку се подготвувал за пат.

Оваа верзија на Унгарските медиуми сепак е малку веројатна, имајќи во предвид дека Албанската и Црногорската влада веќе потврдија дека Груевски влегол и излегол од нивните земји во еден ден, во дипломатско возило на Унгарија, Волскваген Џета.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This