Нова Влада нови вработувања, министрите распишаа огласи за советници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за финансии Фатмир Бесими веќе потпиша оглас за вработување на 36 лица, министерките за одбрана и за образование Радмила Шекеринска и Мила Царовска имаат потреба за уште по тројца советтници… За време на изборната кампања владеачката партија СДСМ ветуваше намалување на јавната администрација за 20 проценти.

Од Министерството за финансии велат дека новите вработувања се неопходни поради зголемен обем на работата. Платите за овие лица ќе се движат од 15.600 за виш рефернет во Управата за имотно-правни работи до 30.000 денари за раководител на одделение во Управата.

„Се работи за редовна административна процедура за регулирање на работните места од кои Министерството има потреба, а не за зголемување на бројот на вработени. Имајќи предвид дека бевме во изборен период, сега се создадоа услови за пополнување на работните места на определен период до крајот на годината. За оваа намена се обезбедени и средства од Буџетот за 2020 година“, велат од Министерството за финансии.

Оглас за вработување е распишан и од Министерството за образование. Министерката Царовска има потреба од тројца посебни советници, за образовни политики, за буџетска координација и за односи со јавност. И овие вработувања се на определен период, до завршување на нејзиниот мандат. Тука платите ќе бидат од 50 до 60.000 денари месечно.

Во Министерството за одбрана нема промена на министерската позиција, но министерката Шекеринска бара промена на нејзиниот тим со тројца посебни советници за политички прашања и надоврешна политика за плати од 35 до 50.000 денари.

Сѐ е според законот, велат одговорните лица, секој министр имаправо да си го избере тимот. Сепак, овие нови вработувања не одат заедно со предизборните ветувања за намалување на бројот на врабитените во јавната администрација.

Бројот на вработените во јавната администрација е 139.000 лица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This