НОВА ЗГРАДА ВО АЕРОДРОМ: Внукот на Фатмир Етеми ќе гради нова зграда во скопски Аердром

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Внукот на Фатмир Етеми, човекот за кој во чаршијата се зборува дека е новиот „кум“ на градежната мафија во Скопје ќе гради нова зграда во скопски Аеродром, по онаа кај Мајчин дом поради која протестираа аеродромци, па беа натепани од полицијата


 

Бесар Етеми за ТВ 24 вели дека за локацијата каде гради за 400 метри квадратни платил 400 илјади евра, а додека на општина Аеродром искеширал 26 милиони денари  на основ комуналии за цела зграда, потенцирајќи дека запазени се сите процедури како и 20 посто зеленило.

„Се работи за станбена зграда ( А2 ) која се гради на површина од 400 метри квадратни. Во делот на урбаното зеленило запазени се законските прописи  од 20 посто зеленило. Зградата ќе има 9 метри подземен паркинг, а се работи за зграда од 8 ката со поткровје  каде на приземје ќе има деловни простории. Дозволата за градење ја имаме добиено од страна на општина Аеродром за што имаме платено 26 милиони денари на основ комунали, а за земјиштето од 400 метри квадратни плативме 400 илјади евра.“ – вели инвеститорот Бесар Етеми.

Извор
24ТВ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This