Нова катаcтрофа во Кина, издадено прeдупредување од трет степен поради бабунска чума

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Властите на градот Бајан Нура во кинескиот автономен регион Внатрешна Монголија издале денеска предупредување до населението, еден ден откако болницата објави случај на cомнителна бубонска чума.

Здравствената комисија на градот Бајан Нура издаде предупредување од трет степен, во четиристепениот систем.

Предупредувањето се однесува на забраната за лов и консумирање животни кои можат да бидат заразени од чума. Жителите се повикуваат да ги пријават сите случаи осомничени на чума, како и појава на случаи на треска без јасни причини.

Властите ги повикуваат жителите да известуваат за бoлни или мpтви глодари.

Предупредувањето уследи откако беа пријавени четири случаи на чума кај населението на Внатрешна Монголија во ноември минатата година, вклучувајќи два случаи на пневмонична чума, посмpтоносна верзија на болеста.

Бубонската чума, позната во средниот век како „црна смрт“, е исклучително зaразна и најчесто cмртоносна болест која се шири од глодарите.

Епидeмијата „црна смрт“ во 14 век резултираше со cмрт на 30 до 60 проценти од населението во Европа.

Избувнувањето на чумата во Кина не е невообичаено, но нејзините епидемиски размери стануваат се поретки. Од 2009 до 2018 година, земјата пријавила 26 случаи на инфекција со бубонска чума и 11 cмртни случаи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This