March 29, 2024, 12:23 am

НОВА КОРУПЦИСКА БОМБА ВО ВЛАДАТА НА СДСМ -ДУИ: СЈО заплашува(ло) низа функционери на ДУИ , за да направат коалиција со Заев

Поврзано

- Advertisement -
Излегува на виделина наклонетоста на одредени функционери на ДУИ кон СДСМ и нивната желба по секоја цена Али Ахмети да направи коалиција со Зоран Заев како поразен на изборите во декември и со тоа да го прекрши Мајскиот договор и правилото победник со победник. Причина за ова се СЈО и Катица Јанева

- Advertisement -

Партиското обвинителство на СДСМ и Зоран Заев со отворање на истраги заплашува(ло) низа функционери на најголемата политичка партија кај Албанците, со цел да влијае на постизборна коалиција и да му овозможи на Зоран Заев како поразен на изборите да формира влада и да стане премиер.

Пред неколку дена, новинарот Цветин Чилиманов на социјалните мрежи објави документи според кои се гледа начинот на функционирање на коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ, со уцени и закани за кривични гонења од страна на Катица Јанева и нејзините обвинители. На тапет на СЈО биле партискит портпарол и сега министер за евроинтеграции Бујар Османи, како и десната рака на Али Ахмети, Артан Груби.

Сепак, не се само Османи и Груби заплашувани со уцени и истраги од СЈО, туку и собранискиот спикер Талат Џафери, како и тетовската градоначалничка која од петни жили се трудеше да успее коалицијата ДУИ-СДСМ, Теута Арифи. Од друга страна, СДСМ преку ноќ го промени мислењето за ДУИ од криминалци во реформатори.

Од сето ова излегува на површина како СЈО со уцена го турна ДУИ во прегратките на СДСМ и на кој начин всушност функционира нивната коалиција.

Благодарение за заплашувањето со закани за кривични гонења и уцена која се уште трае, СЈО ги скрши ДУИ и Али Ахмети да го погазат принципот победник со победник и победничката партија кај Македонците да ја остават во опозиција, а поразените СДСМ и Заев да формираат влада.

 

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This