April 24, 2024, 12:46 pm

НОВА ЛИСТА НА УЈП: Граѓани и фирми дoлжaт 10,1 милијарда денари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вкупно 1.995 фирми, или 16 повеќе од претходно, и 2.520 физички лица, 66 помалку од минатиот месец, се најдоа на најновата 10-та по ред за оваа година листа на неплаќачи на давачките кон државата, пренесува Вечер.

Управата за јавни приходи објави дека вкупниот долг за разни даноци, царини и придонеси изнесува 10.114.683.435 денари, што за разлика од претходната листа е помалку за 84.458.111 денари.

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.973.012.126 денари (помалку за 85.793.289 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 141.671.309 денари (повеќе за 1.335.178 денари од претходната листа).

И на ова листа има голем број јавни претпријатија, како на пример Македонската радио телевизија, ЈП за одржување на патиштата, Железница, потоа комунални претпријатија на неколку општини. Тука е и фирмата на Сеат Кочан „Трансмет“, која е во стечај, а и на оваа листа не изостана името на тутунскиот бос Бајруш Сејдиу.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This