НОВА ОФАНЗИВА НА УКРАИНСКАТА ВОЈСКА: Украина се подготвува за нов воен судир во Донбас!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Украинските безбедносни сили во Мариопол префрлиле 200 единици техника и 150 војници, изјави заменик началникот на Народната милиција на Доњецката народна република Едуард Басурин


Голема група на Вооружени сили на Украина на 14. декември ќе ја започнат офанзивата во правец на Мариопол, изјавил Басурин. Окоу 12.000 луѓе се собрани долж линијата на раздвојување. Таму се наоѓаат околу 50 тенкови, 40 ракетни фрлачи, 180 минофрлачи.

„Во рамки на подготовката на Вооружените сили на Украина за офанзивата вчера од Бердјанск (град во Запорошката област) тргна колона со техника на 503. батаљон на морската пешадија, 12 теретни возила, девет МТЛБ и повеќе од 150 војници. Во овој момент милитантите се наоѓат во западното предградие на Мариопол“, изјавил Басурин.

Според неговите зборови, целта на планираната офанзива е завземање на територија во Новоазовск и Телмановиот регион, до излез на руската граница.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This