April 20, 2024, 12:10 pm

НОВА ПЕСНА НА БИЗИ: „Не ви се даваме“ 

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ова е новата рап песна на познатата Македонска рап ѕвезда и голем родољуб Бизи. Истата е насловена „НЕ ВИ СЕ ДАВАМЕ“.

. : [дел први] : .

Овде мириса на паника.

Балканот наликува на кланица.

Битка е ко на Баница.

Пишуваме на нова страница,

додека сите се против нас во оваа парница.

Ова е завера!

Немам намера тил да наведнам.

Ко Јане (САНДАНСКИ ја водам нашата младина.

И тврдам за неа:

Нема сила што ќе ја сопре!

Ние сме револуција, не заебанција шарена.

Вие сте криви за оваа хаварија.

Ќе го јадете ко Меркел во Баварија.

Веќе истоштени сме од ангарија!

На оваа тиранија срцата ни се вжарија.

Па сме ОТПОР

против злостор што некому поклонува историја од овој простор!

Ова е наше! Нашето не го даваме!

Тоа што ни го зеле назад си го бараме!

Рефрен:

НЕ ВИ СЕ ПЛАШИМЕ!

НЕ ВИ СЕ ДАВАМЕ!

ЧЕДА НА ФИЛИП СМЕ!

ЗА НАВЕК ЖИВИ СМЕ!

. : [дел втори] : .

Народе, што мислиш различно од мене,

сакам да размислиш од каде овој проблем е…

нешто не ви штима ли?

Бившата Отоманска Провинција се противи

Но зошто?

Остави што говорат во штабот.

Само размисли како Зоче го доби мандатот?

Изгубија, де јуре и де факто…

тогаш застанаа ЕУ и НАТО.

Не ли ти сврби во градите, народе мој?!

Ова е битка за Егеј да се продаде на душманот.

Заради тапии што нашите ги имаат.

Останаа без домови, луѓе.

Судбината

Си поигра тогаш со нив. И ние ли?

Немам почва во ЕГЕЈ, но имам земјаци убиени!

Па ме застанува народ поради бојот мој…

Ми честитаат на храброста и разумот.

Во ова време, да си гласен е опасно.

Но, јас сум МАКЕДОНЕЦ!!! НЕ ЗНАМ ЗА СТРАВ!!!

СТАНИ ЗЕМЈО И ЗНАМЕТО НАШЕ ЗАВЕЈ ГО!!!

Рефрен:

НЕ ВИ СЕ ПЛАШИМЕ!

НЕ ВИ СЕ ДАВАМЕ!

ЧЕДА НА ФИЛИП СМЕ!

ЗА НАВЕК ЖИВИ СМЕ!

https://www.youtube.com/watch?v=huXKJPKyQEg

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This