April 26, 2024, 10:56 pm

НОВА ПРОВОКАЦИЈА ОД БУГАРИЈА: Македонизмот не смее во ЕУ, тоа е штетна, насилна и антидемократска идеологија која создава лажна историја!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарскиот претседател во заминување, кој загуби од про-рускиот кандидат Румен Радев, своето последно интервју го искористи и за да упати последни провокации од таа функција до Р.Македонија, велејќи дека „македонизмот е идеологија која е антибугарска и создава тензии“

rosen_plevneliev

Според Плевнелиев, Македонија треба да влезе во Европската Унија но не и македонизмот бидејќи тоа била штетна идеологија, недемократска која создавала тензии и напнатост меѓу иднните поколенија.

„Македонија треба да влезе во Европската Унија и тоа е кауза и за Бугарија, но не и македонизмот. Македонизмот е една идеологија која е не само антибугарска, туку е и антидемократска. Тоа е една идеологија на тотални манипулации со историјата. Тоа е една идеологија која создава напнатост, тензии меѓу идните поколенија“ – вели Плевнелиев во неговото последно интервју.

На ова реагираше и министерот за надворешни работи Никола Попоски, кој на својот ФБ профил напиша дека за разлика од Жељу Желев, екс-претседателот на Бугарија кој прв ја призна Македонија, Плевнелиев ја нема истата човечка широчина.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

Благодарност до Бугарија од Македонија! Пред 25 години, првото признавање на независна и суверена Република Македонија дојде од Софија. Потоа следеа сите други пријатели. Претседателот Жељу Желев имаше демократско чувство и почит кон волјата на македонските граѓани. Даде недвосмислена поддршка во тешки моменти за сосед како нас. Голем човек несомнено, кој ја заслужува сета наша почит. Тоа беа други времиња, други луѓе. Колку би било добро и оној кој до вчера ја имаше истата функција, Плевнелиев, да ја имаше истата широчина, визија и почит за волјата на граѓаните на соседна држава. Да покаже сила и мудрост и да одбере пораки на мир, подавање на рака и одлучна поддршка за сите да бидеме во Европското семејство час поскоро. Тоа сигурно е покорисно отколку гонење на митови, креирање лажни закани и поттикнување на фобии. На крајот на денот, сите сме луѓе кои сакаат спокојство, благодет во живеењето и почит од ближните. Баш такви какви што сме. Лидерите се за да ни го покажат патот што не води во тој правец и да не поврзат.

[/kopa_block_quote]

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This