Нова пpoвокација: Избрано раководство на “Илирида” која се бори за федepaлизација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателството на Движењето “Илирида” вчера ги избрало своите нови органи како политички субјект, што се стреми кон брза регистрација и учество на политичката сцена во Македонија.

За претседател на Движењето е избран извесен професор Хајредин Каза, а за генерален секретар професор Неџат Мустафа.

“Избрано е и потесно претседателство, кое го сочинуваат познати активисти, но и имиња што се поврзуваат со референдумот за Илирида во 1992 година. Движењето ‘Илирида’ се стреми кон регистрација како политичка партија, за да учествува и на изборите. Челниците на Движењето велат дека ги реафирмираат желбата и волјата на Албанците од 1992 година, кои извираат од референдумот за автономија на Албанците во Македонија”, објавуви информативната агенција на албански јазик ИНА.

ИНА на крајот пренесува и ваков став на Движењето “Илирида”: “Конечно е време да се преземат активности за промена на статусот на Албанците во с.Македонија и да има автономно владеење на Албанците. Ова Движење ќе и даде посебна нагласка на опцијата за федерализација, што ќе води кон обврските што произлегуваат од референдумот за Илирида.”

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This