НОВА СВЕТСКА КРИЗА НА ПОВИДОК: Трамп објави дека се повлекува од нуклеарниот договор со Иран, Техеран се заканува со последици

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини Иран дека со збогатен ураниум прави нуклеарно оружје, и покрај постоечкиот нуклеарен договор. Поради тоа, Америка излегува од нуклеарниот доовор со Иран

„Договорот му овозможи на Иран да продолжи со збогатување на ураниум и на крајот да достигне нукелеарен пробив“, рече Трамп, зборувајќи од Белата кќа.

Трамп изјави дека договорот со Иран за нуклеарна спогодба „никогаш нема да донесе мир“.

Тој додаде дека, дури и ако Иран ги почитува точките од нуклеарниот договор, државата може во краток рок да направи нуклеарно оружје.

Ако Иран продолжи да прави нуклеарно оружје, ќе се соочи со проблеми кои досега ги немаше, вети американскиот претседател.

Трамп изјави дека САД ќе воведе „највисоко ниво на санкции“ кон Ира.

Иран ќе мора да склучи нов нуклеарен договор, а САД се спремни да преговараат.

Минатата недела, врховниот лидер на Иран соопшти дека ако САД се повлечат од договорот ќе се соочат со „невидени реперкусии“ какви што не виделе досега.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This