НОВА СНЕЖНА ПОКРИВКА: Утринава нови снежни врнежи во Скопје и низ целата држава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, врнежите ќе бидат со променлив интензитет, а повеќе ќе бидат застапени во западните и јужните делови.

sneg_ulica

Пообилни врнежи се очекуваат в среда кон крајот на денот и во текот на ноќта кон четврток, особено во јужните делови. Овие врнежи ќе предизвикаат зголемување на снежната покривка на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе биде без поголеми промени и ќе биде во интервал од -3 до 4 степени.

sneg

Од петок се очекува стабилно и суво време со благ пораст на дневната температура.

Патниот правец Македонски Брод – с.Здуње на кој гравитираат 11 села, не е прооден за секаков вид на сообраќај.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот по интервенција на екипите на Македонијапат. Слаб снег провејува на П.Шапка кој не се задржува на коловозот.

Снег со слаб интензитет провејува на П.Шапка, Маврово, Стража, Кичево, М.Брод, Железнец, Буково, Ресен, Ѓавато, Битола, Прилеп, Плетвар, Ѓевгелија, Удово, ДемирКапија, Неготино, Велес и Кула.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15-ти Ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2017 година.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This