НОВА СТУДИЈА: Медицински персонал зaрaзeн од кoрoнaвиpyc развил привремен имyнитeт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лицата заболени со лесна форма на Ковид-19 се имуни на повторна инфекција барем на краток рок, потврди францускиот институт Пастер. Резултатите следуваат по студија врз 160 здравствени работници во две универзитетски болници во Стразбур, кои тестирале позитивни на вирусот со благи симптоми, и за ниту еден не требало хоспитализација, јави дописникот на МИА.

-Антитела беа пронајдени кај 159 од 160 лица, изјави за француското радио Франс Интер, професорот Арно Фонтане од Институтот Пастер што ја спроведе таа студија.

Професорот Арнауд Фонтанет, кој ја водеше студијата во Институтот Пастер, рече: „Она што е уште поинтересно е дека баравме неутрализирање антитела за кои знаеме дека обезбедуваат заштита од, да речеме, реинфекција“.

-И тука, еден месец подоцна, ги најдовме во 98 проценти од луѓето кои биле заразени со Ковид-19 – резултати кои се навистина добри вести“, изјави тој.

Засега останува нејасно колкав процент на лица кои се заразиле со болеста развиле антитела.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This