НОВА СТУДИЈА ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ КОНКОРДИЈА ВО МОНТРЕАЛ: Боја која го подобрува расположението

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новата студија која ја спроведоа истражувачите од Универзитетот Конкордија во Монтреал, се обиде да дојде до одговорот која боја има најголемо влијание на расположението на луѓето.

На пример, оние коишто слушаа музика на зелени слушалки рекоа дека уживаа во музиката многу повеќе од оние коишто користат слушалки во црна или бела боја.

„Зелената боја создава позитивни емоции. Таа се наоѓа и во бројната маркетинг литература, вели Онур Бодур“, експертот за маркетинг.

Испитаниците коишто учествуваа во истражувањето исто така рекоа дека имаат чувство на топлина и задоволство откако ќе употребат производ со зелена амбалажа, а луѓето коишто се осамени се чувствуваат подобро откако ќе допрат некој зелен предмет, се наведува во истражувањето коешто е објавено во Journal of Consumer Reseach.

Студијата откри дека производите коишто се спакувани во зелена боја, како што се средства за чистење или минерална вода, се продаваат многу повеќе од оние коишто имаат амбалажа во друга боја, пишува Health 24.

„Замислете си дека столицата на којашто седите е направена од бамбус, масата во ресторанот е направена од рециклиран материјал, а приборот од дрво. Користете зелени производи коишто ќе го подобрат искуството на вашиот купувач“, ги посоветува Бондур сите трговци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This