April 26, 2024, 11:15 pm

Нова студија открива: Koнcyмиpaњe нa витaминoт зa кoj ce вepyвaшe дeкa ќe гo нaмaли pизикoт oд Koвид-19, нeмa дa вe зaштити дoвoлнo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новото истражување покажало дека витаминот Д не е толку влијателен во намалување на ризикот од зараза на коронавирусот, како што претходно се мислеше.

На почеток од пандемијата на коронавирусот експертите сугерираа на консумирање на витаминот Д, што претходни студии покажаа дека популацијата во која е забележан недостаток на витаминот Д е во поголем ризик од зараза со коронавирусот.

Сепак, новата студија објавена во „PLOS Medicine“ открила дека консумирањето на витаминот Д можеби и не е соодветна заштита од заразата, пренесува „N1“.

Истражувачи од Универзитетот „McGill“ во Канада, се насочиле кон истражување на генетските варијации поврзани со зголемено ниво на витаминот Д.

Тие откриле дека поверојатно е луѓето чија ДНК содржи една од овие варијации да има поголема количина на витаминот Д.

Истражувачите анализирале податоци на генетски варијации кај 14.000 луѓе кои имале Ковид-19 и ги споредиле со истите податоци на над 1,2 милиони луѓе кои ја немале оваа болест во себе.

Дошле до заклучок дека оние кои имаат една од овие генетски варијации, а веројатно имаат и поголемо ниво на витамин Д, немале помал ризик од инфекција со коронавирусот, хоспитализација или пак развој на потежок облик на болеста Ковид-19.

За жал, наодите од ова истражување сугерираат дека консумирањето на дополнителен витамин Д – иако е корисно за имунолошкиот систем, здравјето на коските и расположението, не е толку влијателно во борбата против Ковид-19.

Треба да се спомене и дека овој вид анализа кој го применуваат истражувачите во медицината се смета за „златен стандард“ во клиничките испитувања. 

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This