Нова Тиранска платформа, Ахмети најави дека ќе ги собира лидерите на сите партии на албанците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети се огласи на социјалната мрежа Фејсбук по вчерашните избори. Текстуалната порака до јавноста е придружена со фотографија – моментот од декември 2016 година кога на средба во Тирана со помош на премиерот на Албанија Еди Рама, беше донесена платформата на политичките партии на Албанците во Македонија. На документот, кој беше објавен во јавноста на Божиќ, 7 јануари 2017 година, се потпишаа ДУИ, коалицијата Преродба со БЕСА и Алијансата за Албанците.

Во текстот до јавноста Ахмети се заблагодарува на гласачите, на честитките од сите страни а вели и дека разговарал или ќе разговара и со лидерите на сите политичките партии на Албанците. Пораката завршува со зборовите – Заедно сме посилни.

„Драги пријатели, ви благодарам за вашата голема поддршка и за развојот на досега примерниот изборен процес. Денес добив илјадници благослови од сите наши (албански н.з.) краишта, за кои сум многу благодарен. Исто така, денес имав телефонски разговор со претседателот на ДПА, г. Мендух Тачи, и претседателот на Движењето БЕСА, г. Билал Касами, додека ќе остварам разговори и со претседателите на другите албански партии, г. Гаши, г. Села и г. Мемеди и заеднички ќе го процениме резултатот од изборите и ќе размениме мислења“. Заедно сме посилни, напиша Али Ахмети на Фејсбук.

Të nderuar miq, ju faleminderit për mbështetjen tuaj të madhe dhe për zhvillimin e një proçesi shembullor zgjedhor gjer…

Posted by Ali Ahmeti on Thursday, July 16, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This