Нова цена на бензинот и дизелот во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Регулаторната Комисија за енергетика, две недели по последната одлука, минатиот понеделник изврши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,93%, односно за 3,21% во однос на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати.

Рафинериските цени на нафтените деривати се зголемија во просек за 4,93%. Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемија во просек за 3,21%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемија за 3,00 ден/лит, односно за 2,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 01.04.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 71,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 73,00 ден/лит.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемија за 1,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 01.04.2019 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,080 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 01.04.2019 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 34,455 ден/кг.

По продолжениот велигденски викенд следи нова цена на горивата.

Денеска ќе видиме дали ќе продолжи трендот на зголемување на цените на бензините како во изминативе месеци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This