НОВА ШАНСА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Се бараат 17.000 негуватели за туѓа нега и помош на стари лица!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На Германија моментално и недостасуваат повеќе од 17 000 работници во секторот на туѓа нега и помош.

Новиот министер за здравство во моментов сака да го намали овој драстичен недостиг на негуватели со зголемен увоз на работници од земјите од Европската унија. Повторно ќе се обидеме да ја активираме домашната работна сила, а истовремено интензивно бараме и негуватели од европското соседство. Во ЕУ на сила е правилото на слободно движење на работна сила”, рекол Шпан.

Тој најавил и забрзана нострификација на дипломи и професионални сертификати на кандидати од странство.

„Понекогаш овие процеси траат со месеци и години пред лекарите и негувателите кои веќе се овде и кои можат да прејдат на работата признание на диплома”, рекол Шпан и додал дека овој проблем во соработка со сојузните покраини, забрзано ќе се решава.


Шпан на критиките дека на другите земји на ЕУ сака да им ги собере дефицитарните работници одговорил дека зголемениот увоз на негуватели од останатите ЕУ земји само еден од механизмите во процесот на решавање проблеми со драстичниот недостиг на овие работници во Германија.

Еден од важните елементи се и програмите со кои занимањето негувател би се направил примамлив помеѓу останатото и со зголемување на платата. Медиумите предупредуваат на фактот дека многу негуватели работат на одредено време преку агенции кои плаќаат под договорениот ценовен договор.

ЗаСе.мк

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This