April 25, 2024, 10:13 pm

НОВИНАРИТЕ КОИ УЧЕСТВУВАА НА „ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА“ СЕ КААТ: Ако некој ми каже дека платформата, повиците за војна и изјавите на Тачи се идеја на Груевски ќе го банирам!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Целата прикаска со федерализација е стратегија на меѓународната заедница, истакна на ФБ новинарката Јорданка Ивановска.

joci

Ако уште некој ми рече на профилов дека Платформата и федерализација се идеја на Груевски и дека он го плаќа цел регион и ЕУ за негово одржување на власт, а не дека ова се е стратегија на меѓународната заедница, ќе го банирам до недоглед, пошто сериозно немам веќе нерви за глупи луѓе, пишува Ивановска.

Реакцијата на Ивановска уследи откако белгискиот олеснувач Питер Ванхојте денеска во колумна напиша дека федерализацијата не е ништо страшно.

Таа посочува дека за само 10 дена имаме четири изјави од четворица високи претставници од Албанија, Косово и ЕУ, на штета на Македонија.

– Еве, по изјавите на Еди Рама и Хашим Тачи „Албанците да ги земат работите во свои раце“, и онаа на Дода, завчера, со закани за војна, се јавил и Ван Хојте, на 14 март, со прикаски дека федерализацијата не е ништо страшно. Тоа во новинарството се вика „вест во низа“ или нови и нови изјави со цел и интенција за продолжение на прикаската. Имаме четири изјави од четворица високи претставници од Албанија, Косово и ЕУ, на штета на Македонија. Во рок од 10 дена, вели Ивановска.

Joci-Platforma56

 

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This