НОВИНАРОТ МАЈКЛ ВОЛФ ЈА ОТКРИВА ТАЈНАТА ЗА ФРИЗУРАТА НА ТРАМП: Поради нестрпливоста на Трам и се добива таква портокалова на нијанса на русокос

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новинарот Мајкл Волф, автор книгата „Fire and Fury: Inside the Trump White House“ (Оган и бес: Внатре во Белата куќа на Трамп), ја открива тајната на стилот на карактеристичната фризура на американскиот претседател Доналд Трамп.


Ќерката на американскиот челник Иванка Трамп му кажала на Мајкл Волф дека по процедурата за справување со ќелавењето кај Трап останало сосема соголено теме опкружено со коса од страните и однапред. За да го прикрие голото теме, тој почнал да ја чешла косата наназад и да ја зацврстува со гел.

Покрај тоа, Иванка ми раскажала на новинарот и за бојата на косата на нејзиниот татко, којашто се добива како резултат на боење и оценува дека не е многу ефикасен метод. Според неа, нијансата варира во зависност од тоа колку долго се задржала бојата.

„Поради нестрпливоста на Трам и се добива таква портокалова на нијанса на русокос“, го цитира весникот The New York Post извадокот од книгата на Вулф.

Формата на косата на Доналд Трамп веќе подолго време е предмет на коментари на социјалните мрежи. Многу корисници сметаат дека тој носи перика. Сепак, минатата година, водителот на забаваната програма „The Tonight Show“ на телевизиската мрежа NBC со дозвола на Трамп ја фати косата на претседателот и рече дека е природна.

Волф, инаку новинар на Hollywood Reporter, книгата ја напишал врз основа на повеќе од 200 интервјуа и разговори со претседателот, неговите најблиски соработници и членови на администрацијата, а во којашто ги опишува внатрешните борби во Белата куќа, дури и тоа дека некои од најблиските соработници на Трамп изразуваа презир кон него.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This