April 20, 2024, 10:29 am

Новинар од Кичево пoчинa од kopoнавирус

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од последици на ковид-19 денеска почина Рефик Зенку, дописник на Медиумската информативна агенција.

Зенку беше дописник за МИА од Кичево во изминатите девет години. За настаните во Кичево и околината известуваше до последен момент, додека не беше дијагностициран од коронавирусот.

Зенку три недели се бореше со коронавирусот и се лекуваше во болницата „8ми Септември“. Вчера состојбата му се влошила, а лекарите не успеале да го спасат.

Рефик Зенку беше новинар со долгогодишен стаж со речиси три децении во новинарството. Неговиот последен новинарски ангажман беше во локалната телевизија ТВ Гура и дописник на МИА од Кичевскиот регион. Покрај редовните, новинарски задачи како известувач, беше познат и како новинар кој известуваше и извонредно го познаваше локалниот спорт.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This