Новиот австриски канцелар испрати порака до Западен Балкан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новиот австриски канцелар Александар Шаленберг во Брисел, за време на неговата прва посета на ЕУ по положувањето на заклетвата, изјави дека официјална Виена останува близок и сигурен партнер на Унијата, велејќи дека Западен Балкан останува приоритет на австриската надворешна политика.
„Западен Балкан останува важно прашање за Австрија, близу до срцето“, истакна Шаленберг.
Тој пренесе дека ги информирал своите соговорници, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, за моменталната ситуација во Австрија, по кризата во владата.
Тој посочи дека во Унијата од 27 членови, секогаш има промени во врвот на владата и во владите.

„Овде е нешто сосема нормално и тука е прифатено целосно опуштено“, рече Шаленберг пред новинарите.
Тој посочи дека разговарале за теми како што се пандемијата, зголемувањето на цените на енергијата и миграцијата.
Шаленберг, исто така, рече дека ги поддржува акциите на Европската комисија против Полска .
„Без приоритет на европското право, унијата се распаѓа, тоа е опасен развој“, рече тој.
Основните права, владеењето на правото, се, како што рече, работи за кои не може да се преговара.
На прашањето за партнерството со Вишеградската група, тој рече дека во австриската јавност се одржува вештачка дебата.
„Тоа би го сфатил како политика за соседство. Австрија никогаш немаше намера да се приклучи, ниту Вишеградската група сакаше да ја прими“, рече новиот австриски канцелар.
Тој посочи дека тој, како шеф на дипломатијата, го воспоставил форматот „Централна петорка“, кој ги вклучува Прага, Братислава, Будимпешта и Љубљана и најави дека ќе ја продолжи соработката во тие рамки како канцелар.
Според него, Австрија има посебна задача и историско разбирање за земјите од Истокот, и со тоа е мост помеѓу Истокот и Западот.
Според Танјуг, Шаленберг продолжил да го брани својот претходник Себастијан Курц во Брисел, велејќи дека верува оти ништо нема да се потврди од обвинувањата поврзани со криминални дела.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This