НОВИОТ АЕРОДРОМ ВО ИСТАНБУЛ COБOPУВА РЕКОРДИ, А ЌЕ ИМА И МЕТРО: Новиот аеродром во Истанбул веќе опслужил 30 милиони патници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Повеќе од 30 милиони патници проциркулирале низ новиот аеродром во Истанбул до сега, изјави министерот за транспорт и инфраструктура, Мехмет Кахит Турхан.

„Бројот на патници продолжува да расте рапидно. Ние, исто така, го зголемуваме бројот на дестинациите на летовите“, рече тој и додаде дека годинава се додадени шест нови дестинации.

Турхан зборуваше на церемонијата одржана по завршувањето на пpoбивањето на тунелот низ кој ќе поминува метро, а ќе води кон аеродромот во Истанбул. Првиот дел метрото до аеродромот Гајреттепе – Истанбул ќе биде отворен следната година, рече министерот.

Линијата која ќе биде долга 37,5 километри, a вклучува девет станици е веќе 80% завршена, рече Турхан.

Откако целосно ќе завршат градежните работи, аеродромот во Истанбул ќе биде најголем во светот во однос на бројот на патници. Аеродромот бележи постојан пораст на бројот на летови. Сите четири фази од изградбата и проширувањето на аеродромот, вклучително и шест писти, се очекува да бидат завршени до 2028 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This