Новиот Епл часовник му прави ЕКГ на својот сопственик и го известува за срцеви проблеми

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Почнувајќи од четврток, најновите Епл часовници од Серија 4 ќе можат да му направат електрокардиограм (ЕКГ) на својот сопственик.

За да се активира таа функција, освен Епл часовник Серија 4, потребна е и најнова верзија ВочОС, која ќе биде достапна за преземање в четврток.

Епл го олесни пристапот до таа функција, така што се вклучува апликацијата, прстот се држи на уредот 30 секунди, по што апаратот го објавува резултатот. На тој начин секој кој има срцеви проблеми ќе може да види дали треба да повика лекар или не.

Епл, исто така, најави уште една функција за проверка на работата на срцето: тој го известува сопственикот ако забележи дека пулсот му е неправилен. Таа состојба е позната како атријална фибрилација (АФиб).

Функцијата АФиб не бара најнов Епл часовник и ја проверува брзината на отчукување на срцето на неколку часа.

Функциите на Епл часовникот засега се достапни само во САД.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This