April 16, 2024, 11:31 pm

НОВИОТ ЗАКОН ЌЕ ОСТАВИ МНОГУ ЛУЃЕ БЕЗ РАБОТА: Со Законот за трансфер на државните службеници во приватниот сектор вработените немаат никаква заштита

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска Стојковски посочи дека се против законот за транфер на државните службеници во приватниот сектор, односно како што рече таа ваков каков што е законот нема никаква заштита на вработените посочувајќи дека доколку некој од вработените се најде на таа транфер листа од администрација во приватен сектор и доколку после 6 месеци никој од приватниот сектор не изрази желба да го преземе може да остане без работа.

Ваков каков што е законот никаде не стои како овие лица ќе бидат заштитени, значи во ниту еден член од самиот закон не стои како овие лица ќе бидат заштитени. Според мене можеби е подобро да има таква транфер листа но да биде само по лично барање на вработениот и да се осигура дека додека е на таа трансфер листа дека ќе зема плата од органот каде што е вработен, ќе ги извршува своите работни обврски ако за тие 6 месеци некој изрази дали некој ќе го земи или не, вели таа.

Не може по секоја цена да бидете ставени на трансфер листа и да не сте сигурни дали ќе ве земе некој или нема да ве земе, од кого ќе земете плата и дека по истекот на тие 6 месеци вие останувате без работа. Значи овие работи не се предвидени во законот и поради тоа сме против ваков трансфер на работници, истакна Стаменковска Стојковски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This