НОВИОТ КЛИНИЧКИ ЌЕ БИДЕ ПОБЛИСКУ ДО ТЕТОВО И ГОСТИВАР: Наместо предвидената сума од околу 120 милиони евра парите потребни за реализација на проектот рипнаа на 480

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако сега се потребни половина час во периодот кога има најгуст сообраќај за да се стигне до Комплексот „Мајка Тереза“, до новиот Клинички кој допрва ќе се гради, на граѓаните од Драчево, Лисиче, Аеродром, ќе им биде потребен најмалку час за да дојдат до Веле Поле во скопско Ѓорче Петров, местото на кое според најавите, ќе никнат новите клиники. Но по автопат, лесно ќе им биде достапна на граѓаните од западна Македонија. Наместо предвидената сума од околу 120 милиони евра парите потребни за реализација на проектот рипнаа на 480. Властите допрва ќе размислуваат за кредит.

Според министерот, темелите на Клинички ќе се удрат годинава, а центарот би бил готов за околу пет години. Но, граѓаните се скептични во однос на ветувањата за времетраењето на изградбата, а и за самото започнување на проектот, и на претходните, и на сегашните власти.

Во меѓувреме, граѓаните се жалат на хаосот и лошиот пристап до комплексот Клиники, а вината, освен кај властите, ја бараат и кај себе.

Во игра за новата локација на државните клиники освен одбраната општина, беа и Карпош и Петровец. Здравствените власти велат дека една од главните причини за одлуката Клинички да се изгради во Ѓорче е тоа што брзото изготвување на сите потребни проектни документи и заради тоа што најмалку чинело, бидејќи целото земјиште е на државата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This