Новиот модел на Тоyota; Mirai, се придвижува благодаpeниe нa водорoд

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новата генерација Mirai дебитираше на пазарот, но како да се чекаше последниот момент за да се каже нешто повеќе за неа. Веднаш е воочлив опсегот од 650 километри кој се должи на сериозни инженерски проекции. Благодарение на целосно редизајнираниот систем на горивни ќелии, интелигентниот распоред на просторот и поефикасната аеродинамика профитирано е во секој сегмент.

Поголема моќност на моторот, зголем капацитет на резервоарот за водород и подобра аеродинамика, радиусот на дејствување се зголеми за околу 30 проценти. Новата архитектура, благодарение на модуларната платформа, нуди доволно простор за три наместо два резервоари за водород под висок притисок. Вкупниот капацитет на трите резервоари се зголеми на 5,6 килограми. Единицата за горивни ќелии е сместена испод хаубата. На овој начин се создава поизбалансирана распределба на тежината (50:50) и поголема внатрешност. Меѓуоскиното растојание е зголемено за 140 милиметри на 2920 милиметри и висината на возилото е намалена за 65 милиметри на 1470 милиметри во корист на истегнатата линија на покривот. Пошироката патека од 75 милиметри и поголемите тркала со дијаметар на бандажот од 19 и 20 инчи придонесуваат за динамичен изглед. Toyota ги дизајнираше новите горивни ќелии и конверторот на горивни ќелии специјално за употреба во новата платформа.

Сите компоненти, вклучувајќи пумпи за вода, ладилници, климатизери, компресори и кружење на водородот сега можат да се најдат во рамките на мрежата на горивни ќелии. Пакетот батерии сега се состои од 330 наместо 370 ќелии. Намален, сепак поставува нов рекорд со специфична густина на моќност од 5,4 kW на литар. Максималното производство се зголемува од 114 на 128 kW. Toyota исто така го подобри однесувањето на студ. Сега ќелијата без проблем се покренува дури и на температура до минус 30 степени Целзиусови. Наместо батерија со никел-метал хидрид, искористена е високо-напонска литиум-јон батерија со 84 ќелии. И покрај своите помали димензии, таа има поголема густина на енергија. Toyota сака да продаде десет пати повеќе примероци од новиот Mirai отколку неговиот претходник. Речиси 20 проценти пониска продажна цена и зголемената привлечност на технологијата на горивни ќелии треба да придонесат за тоа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This