НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДИК: Оливер Деркоски повика на почитување на Устав и закони, а не политички ставови!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новиот претседател на Државната изборна комисија (ДИК), Оливер Деркоски, во изјава за МИА вели дека првите активности на Комисијата ќе бидат нејзиното конституирање, а потоа и спроведување на референдумот за името. Тој потенцира дека членовите на ДИК во оваа ситуација не можат да заземаат политички ставови, туку треба да ги почитуваат законите и Уставот.

– Како прв чекор на новата Комисија ќе биде конститутивната седница на ДИК и потоа како орган што треба да спроведе иден референдум ќе треба да ги преземеме првите чекори во тој правец. Се надевам дека ќе успееме да одговориме на поставената задача согласно Уставот и позитивните законски прописи што го налагаат тоа, изјавува новиот претседател на ДИК.

Во однос на активностите за референдумот, Деркоски вели дека согласно Законот за референдум овластениот предлагач, во овој случај Собранието на Република Македонија, треба да ја донесе одлуката за референдум, па потоа оперативно ДИК согласно членот 31 од Законот за референдум да ги преземе своите надлежности околу организација и техничките подготовки на самиот референдум, односно спроведување на одлуката.

На последната лидерска средба во понеделникот владејачките партии и опозициската партија не постигнаа согласност во врска со референдумот за името, а како што изјавија лидерите, главните несогласувања биле околу референдумското прашање.

– Политички ставови во овој момент и во оваа ситуација не можеме да заземаме, бидејќи треба да ги почитуваме позитивните законски прописи и Уставот на Република Македонија, вели Деркоски.

Тој и другите новоизбрани членови на ДИК денеска требаше да дадат свечени изјави пред претседателот на Собранието Талат Џафери, по што требаше и официјално да стапат на своите фунцкии. Тоа беше одложено, поради тоа што Џафери мораше да замине во Приштина. Свечените изјави се презакажани за понеделник.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This