Новиот снег отсече села на Скопска Црна Гора

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија е под снежна покривка. Од управата за хидрометеролошки работи велат дека пообилните врнежи ќе бидат во попладневните часови, особено во западните делови од државата. Снег врне со променлив интензитет на територијата на целата држава. Новата снежна покривка ќе биде од 10 до 30 сантиметри, а на планините во западните делови и над 50 сантиметри. На одредени патишта, поради ниските температури постои опасност од појава на голомразица. Од центарот за управување со кризи велат дека неколку дена селата Брест, Малино и Танушевци се отсечени поради снежните наноси на патот до нив.

А селото Танушевци нема електрична енергија и екипите на ЕВН се спречени да го отстранат дефектот. Сообраќајот се одвива во зимски услови, со забрана за движење на тешки товарни возила на патните правци Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево преку Стража, Стуга- Ќафасан и Тетово – Шапка каде што за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема. Од Македонија пат велат дека нивните екипи се на терен и покрај застарената механизација и недостатокот на персонал ги чистат патиштата навремено и превентивно.

И од град Скопје велат дека се спремни за снегот, со апел до граѓаните дека нивна обврска е да го чистат снегот пред куките и стамбените објекти.

Законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата која стапи на сила на 15 ноември ќе трае до 15 март 2019 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This