НОВИТЕ БАНКНОТИ ЌЕ ГИ СЕФТОСАМЕ ЗА НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ: До крајот на годината во промет ќе влезат новите банкноти од 200 и 2.000 денари!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонските граѓани ќе можат да пазаруваат со новите банкноти од 200 и од 2.000 денари на крајот од годинава или на почетокот на наредната. Парите ги печати англиската печатарска компанија „Де Ла Руе“. Планирано е да се произведат по 10 милиони банкноти од секој апоен.

novi-denari

Тие требаше да почнат да се користат веќе во јануари 2015 годинава, но процедурите траеја подолго и сега се очекува новите банкноти да се пуштат во промет за неколку месеци.

dvesta-denari

Носечки мотив на предната страна на идејното и ликовно-графичкото решение на банкнотата од 200 денари е релјефот со претставa на старозаветниот 41. Давидов псалм којшто им припаѓа на препознатливите винички теракотни икони, едни од најзначајните раносредновековни археолошки откритија на територијата на Македонија.

На истата страна, во централното лево поле е прикажана раносредновековна прстеста бронзена фибула од почетокот на VII век, а е пронајдена во околината на Прилеп.

nova-banknota-od-200-1

На задната страна на оваа банкнота е претставен архитектонско-ликовен елемент од челната фасада на „Шарената џамија“ во Тетово, еден од најатрактивните споменици на архитектурата и сликарството од османлискиот период во Македонија, надополнет со флорални елементи преземени од декорацијата на мермерните подни плочи на познатата „Исак џамија“ во Битола, изградена на самиот почеток на XVI век.

nova-banknota-od-2000-1

Носечки мотив на предната страна на идејното и ликовно-графичкото решение на банкнотата од 2.000 денари е претстава на македонска невестинска носија од Прилепско Поле, како впечатлива рефлексија на богатството на фолклорната ризница на Република Македонија. На истата страна, во централното лево поле е претставен приврзок во форма на афионова чашка којшто е откриен во Сува Река, Гевгелија и претставува артефакт датиран во VII век пр.н.е што му припаѓа на познатата група пајонско-македонски бронзи.
nova-banknota-od-2000-2

Што се однесува до задната страна на банкнотата, на неа е прикажана декорацијата на внатрешната страна на позлатен сад, којшто потекнува од XVI век и во чиешто централно поле се наоѓаат два афронтирани пауна покрај „изворот на животот” обиколени со раскошна флорална декорација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This