НОВИТЕ „ВЛАДЕТЕЛИ“ НА ЕВРОПА: Ливерпул го „потона“ Тотенхем по головите на Салах и Ориги

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во своето деветто финале го освоија шестата европска титула и со тоа ја прекинаа серијата од две порази во финалињата (2007 и 2018 година). Со оваа титула Ливерпул се нареди на третото место на вечната листа зад Реал Мадрид (13) и Милан (7).

Мечот тргна поволно за вицешампионот на Англија. Уште во втората минута Мохамед Салах ја затресе мрежата на Тотенхем од пенал, откако претходно со рака играше Сисоко по центаршутот на Мане. Судијата Скомина се консултира со помошниците од ВАР собата и досуди најстрога казна.

Салах е петтиот различен африкански фудбалер (а прв Египќанец) кој постигнува гол во финале на Лигата на шампионите/Куп на шампионите по Рабах Маџер, Самуел Ето, Дидие Дрогба и Садио Мане.

Исто така Салах е творец на вториот најбрз гол во финале на ЛШ (108 секунда) после оној на Паоло Малдини во финалето помеѓу Милан и Ливерпул во 2005 година (50 секунда).

Она што е интересно, по првите 45 минути Тотенхем имаше многу поголем посед на топка, но противникот имаше предност.

Јирген Клоп прв повлече потег во вториот дел со тоа што ги уфрли Ориги и Милнер во игра на местото на Вајналдум и недоволно заздравениот Фирмино. А тренерот на Тотенхем Маурицио Почетино возврати со Лукас Мура и Диер.

Во 69. минута Милнер имаше убава шанса, но неговиот обид заврши покрај десната статива. А Тотенхем имаше две едноподруго шанси, и двете Алисон ги одбрани, прво по шутот на Деле Али, а веќе во следната минута и на Лукас.

Тотенхем притискаше, а на Ливерпул му се пружи шанса во 87. минута преку џокерот Ориги кој ја затресе мрежата и стави печат.

 

Извор
СПОРТМЕДИА.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This