April 19, 2024, 11:06 pm

НОВИТЕ ИСТРАЖУВАЊА ПОКАЖУВААТ: Вонземски живот постои таму каде што се ѕвездите збиени заедно!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вонземски живот може да се најде во сончевите системи каде што ѕвездите се “стиснати” една до друга, правејќи таканаречена “вселива зона”,покажуваат новите истражувања на научниците од Универзитетот Шефилд.

Порано истражувањата главно се фокусирале на планетите и на потенцијалниот живот околу ѕвездите што се слични на нашите, претпоставувајќи дека кој било кој друг Сончев систем во кој би можел да има живот,ќе биде како нашиот.

Една нова студија сугерира дека формирањето ѕвезди во бинарните системи може да им овозможи на планетите околу нив да имаат вистинска температура, во која има вода и животот може да процвета. Кога ќе пристигнат до третата ѕвезда, бинарниот пар ѕвезди може да биде “турнати” заедно. Тоа би можело да ја прошири зоната на животот.

Вселива зона – Goldilocs е растојание од ѕвезда каде што не е ниту премногу жешко, ниту премногу студено. Се верува дека приближно една третина од ѕвездените системи во нашата галаксија се составени од овие бинарни парови.

Истражувачите користеа компјутерски симулации за да разберат како ѕвездите можат да комуницираат и како средбите ќе влијаат на парови на две ѕвезди.

– Во типичното “ѕвезден расадник”, каде што би имало околу 350 бинарни објекти, околу 20 од нив би биле стиснати, така што постои проширување на вселивата зона, а со тоа и можноста за вонземски живот. Во некои случаи, овие вселиви зони дури и се преклопувале. Ова може да ги зголеми шансите за живот – откриле истражувачите.

Тие сугерираат дека има повеќе бинарни системи отколку што мислиме, што ги зголемува шансите за вонземски живот.
-Постоењето на световите за кои пишуваат писателите на научна фантасика, каде што светат две сонца на небото над вонземскиот живот, сега изгледа многу поверојатно – велат експертите.
Откритието е дека стабилните соларни системи може да се развијат во места кои се многу различни од нашите и е јасно колку малку податоци постојат за тоа. Со ова истражување може да се  докаже што се случува околу овие системи и да се  дознае какви опкружувања може таму да се најдат таму.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This