April 23, 2024, 11:33 am

„НОВИЧОК“ БИЛ ПАТЕНТИРАН ВО САД: ОЗХО објави документ од агенцијата за патенти и трговски марки, каде „новичок“ е патентиран во САД како хемиско оружје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Отровна супстанција која, наводно, била искористена во нападот на поранешениот разузнавач на Русија Сергеј Скрипaл и неговата ќерка Јулија се произведува во САД, каде што е патентиран како хемиско оружје, изјави рускиот претставник во Организацијата за забрана на хемиското оружје Александар Шулгин.

Обраќајќи му се на Извршниот совет на ОЗХО, Шулгин го покажа документот на САД за патенти и трговски марки, датиран од 1 декември, 2015 година.

Тој, исто така, истакна дека оваа канцеларија претходно и се обратила на руската страна со барање да се провери “патентибилноста на откритието од страна на американскиот научен соработник Т.” Рубин “.

Во документот се пишува за создавањето специјално полнење на куршуми со токсични супстанции. Постојаниот претставник на Русија објасни дека муницијата требало да биде исполнета со бинарни компоненти кои биле измешани за време на пукањето.

“Во крајна мерка еден од следниве активни супстанции со кои може да се полни овој куршум не може да биде некои од овие агенси, како што се Табун, Сарин, Соман, Циклосарин, ВГ, ВМ., ВР, ВХ, и обратете внимание, агенси кои припаѓаат на типот “новичок”, вели Шулгин.

Тој нагласи дека се САД патентирале супстанца од типот “новичок”. “Не толку одамна, станува збор за неколку години – патентот беше датиран на 1 декември 2015 година”, вели дипломатот.

Тој рече дека пребарувања на електронски пребарувач google.patents.com со клучниот збор “новичок” се добива пребарување од 140 различни патенти поврзани со употребата и заштита од ефектите на смртоносна токсична супстанција од овој тип.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This