НОВИ БАРАЊА ОД ГРЦИЈА: Да се избрише член 36, а во член 49 од Уставот да сме Северномакедонци!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од дипломатски извори, дознаваме дека Грција веќе испорачала дел од своите забелешки на веќе усогласените уставни амандмани кои ја поминаа собраниската – комисиска расправа.Имено официјална Атина сега инсистира Заев да изготви дополнителни два уставни амандмани, без кои е децидна дека нема да продолжи дијалогот за имплементирање на Преспанскиот договор од нејзина страна, пренесува Магазин.

Имено Грција бара прво целосно да се избрише или разобличи во суштината член 36 од Уставот на Република Македонија. Во него стои:

Член 36

Републиката им гарантира посебни социјални права на борците од Антифашистичката војна и од сите националноослободителни војни на Македонија, на воените инвалиди, на прогонуваните и затвораните за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност, како и на членовите на нивните семејства кои немаат можности за материјална и социјална егзистенција. Посебните права се уредуваат со закон.

Според дипломатски извори од Атина, овој член не е прифатлив за ниту една политичка партија во Грција. Со него де факто и де јуре се признава постоењето на Македонска држава што и не е спорно колку фактот што во него се признава и постоењето на Македонскиот народ.

Имено Ципрас бил дециден дека според Преспанскиот договор во Македонија државјаните ќе може да се нарекуваат Македонци но само со појаснување дека се граѓани на Република Северна Македонија, со што истото не важи и за етничките заедници, со што тие би биле по државјанство Македонци а по етничка – национална припадност, Албански, Српски итн. народ.

Воедно според е и членот за кој има уставен амандман. Во член 49 стои:

Член 49

Републиката се грижи за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија, го помага нивниот културен развој и ги унапредува врските со нив. Републиката се грижи за културните, економските и социјалните права на граѓаните на Републиката во странство.
На овој член и со неговата амандманска измена, Грција бара да биде идентитечен со член 108 од Уставот на Грција во однос на Грците во странство кој гласи:
Член 108 (Устав на Грција)

1. Државата мора да се грижи за иселениците Грци и за одржување на нивните врски со татковината. Државата исто така ќе присуствува на образованието, социјалниот и професионалниот напредок на Грците кои работат надвор од државата.

** 2. Законот ги специфицира работите што се однесуваат на организацијата, работата и компетенциите на Советот на Хелените во странство, чија мисија е израз на сите заедници на Хелените низ целиот свет.

Ова значи дека експлицитно ќе треба да се наведе дека Северна Македонија ќе се грижи за правата на Северномакедонците низ светот, со што по поништување на член 36 ќе го избрише целосно Македонскиот народ во своето постоење.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This