НОВИ ДЕТАЛИ ЗА ПРИЕВДУВАЊЕТО НА МИЈАЛКОВ: Во моментот на аспење бил на состанок со осумтемина „одметнати“ пратеници на ВМРО-ДПМНЕ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во моментот на приведувањето, екс-шефот на тајната полиција бил на координативен состанок со осумтемина одметнати пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во хотелот „Мериот“ кои гласаа за уставните измени во Собранието на Р.Македонија на 19-ти минатиот месец

 

 

Како што пренесува „Алсат-М“ телевизија, на состанокот во хотелот „Мериот“ Сашо Мијалков бил на состанок со осумтемина пратеници кои беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи гласаа за уставните измени предложени од Владата, а во согласност со т.н. Преспански договор со кој се предвидува промена на уставното име.

Притворањето на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков го загрозува процесот на уставни измени и национално помирување, велат од Алсат. Извори од пратеничката група за Алсат ја потврдија средбата со поранешниот шеф на разузнавањето, без да ги прецизираат темите за кои се разговарало.

Неофицијално, се тврди дека Мијалков бил тој што ги убедил осумте пратеници да ги поддржат уставните измени за што го обвини и неговата матична партија ВМРО-ДПМНЕ од која експресно беше исклучен. На ваквите тврдења Мијалков одговори со јавни писма до лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кого го обвини за лажен патриотизам и за човек кој работи спротивно на стратешките определби на партијата – пренесува „Алсат-М“ телевизија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This