April 24, 2024, 12:59 pm

НОВИ ДЕТАЛИ ЗА COOБРАЌАЈКАТА КАЈ ЛЕСКОВАЦ: Две патнички од излетаниот автобус кај Лесковац се на aпapaти за дишeњe, состојбата кај едната се влoшилa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Две најтешко повредени жени, од патниците во македонскиот автобус кој излета кај Лесковац, се борат за живот на Клиниката за анестезија и интензивна терапија во Клиничкиот центар во Ниш. Тие и натаму се приклучени на апарати за дишење и се во животна опасност, пишува српски Блиц.

Се работи за С.Т. и И.Ј., а покрај нив две на Клиниката во Ниш се уште четири повредени патници кои се надвор од животна опасност

-Пациентката С.Т. која има повреди на карлицата е интубирана и животно загрозена. На апарати за дишење е и пациентата И.Ј. која е доминантно загрозена по живот поради фрактури на пршлените со заканувачка компресија на ‘рбетна срцевина. Нејзината здравствена состојба се влоши и таа е животно зарозена. Во единицата за интензивна нега се наоѓаат уште двајца пациенти кои се свесни, стабилни и надвор од животна опасност, вели за српски Блиц директорот на Клиниката за анестезија, професор доктор Радмило Јанковиќ.

По стабилизација на состојбата пациентот Т.Т. бил пренесен на Клиниката за неврохирургија, а уште еден повреден пат бил пренесен на одделението за градна хирургија од каде се очекува наскоро да биде отпуштен.

Во трагичната сообраќајна несреќа која се случи пред три дена, животот го загубија три лица, а 32 беа повредени откако македонскиот автобус излетал од патот и се превртел пред Лесковац.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This