April 27, 2024, 12:47 am

НОВИ ДЕТАЛИ ОД ИСТРАГАТА: СВР Скопје нема добиено пријава за пукање, сеуште не се знае кој, каде и кога пукал во Трајковски кој возел со повреди!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според последните информации кои ги добиваме од извори во МВР, во текот на вчерашниот ден некаде пред полноќ лицето Даниел Трајковски изгубило контрола над возилото, но по превртувањето немало престрелка

20161115010543-1

Синоќа во 00.10 часот на Ургентниот центар при клиничкиот центар „Мајка Тереза“ е донесено лицето Даниел Трајковски од Скопје, кое на крстосницата помеѓу бул.Партизански одреди, Бледски договор и Париска управувајќи ПМВ голф изгубило контрола над возилото и удрило во жардињера при што се превртело.

Од сообраќајката нема констатирани повреди, но бил неконтактибилен при судирот.

Претходно во СВР Скопје нема пријава за пукање, а надлежните сеуште утврдуваат што всушност се случило. Од СВР Скопје до овој момент незнаат ниту кој, ниту каде пукал во Трајковски, ниту пак во колку часот – дознава iNFOMAX.mk од извори во МВР.

 

Според засега неофицијални информации како што дознаваме од извори во МВР можно е да се работи и за одмазничка акција. Имено, браќата Трајковски откако се под закрила на Зорн Заев и Оливер Спасовски се замериле со голем број на бизнисмени и угледни луѓе кои почнале да ги рекетираат. Кршеле, палеле се заканувале барајќи изнуда. Има и информации дека употребувајќи материјали од нелегално прислушуваните разговори кои ги добиле од Заев почнале да уценуваат голем број на луѓе. Засега не се исклучува можноста некоја од жртвите на уцените на браќата Трајковски сама да се обидела да се заштити.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This