Изборниот фалсификат во Охрид потпомогнат од полицијата и параполицијата на СДСМ.
За да биде олеснат изборниот фалсификат, една недела пред локалните избори на 15-ти октомври во Охрид била формирана параполиција составена од локални криминалци, дилери и лихаври како и синови на функционери на СДСМ, а потпомогнати од раководни лица на СВР Охрид. Оваа група составена од 25-30 луѓе имала за задача да го обезбедува теренот, односно со возила се распоредувале по улици каде што се вршел поткуп на гласачи од страна на СДСМ.
Злоупотребата на државни ресурси од страна на полицијата на Спасовски оди дотаму што обележани полициски возила се користеле за спроведување на ваквите акции. Во фотографија која е испратена од граѓаните може да се види полициско “јети“ пред штабот на СДСМ во населабата Горна Влашка мала, а граѓаните сведочат дека во тој момент сомнителни лица влегувале во куќите во населбата каде што претежно живеат роми и египќани.
Во извршување на ваквите дејствија биле вклучени и алфите кои најчесто го контролирале теренот каде што биле поткупувани гласачи од страна на функционери на СДСМ и синот Верушевски. Истите биле задолжени и за контрола на штабовите од ВМРО-ДПМНЕ. Жители од помалите населби и села во близина на Охрид информираат дека во петокот и саботата во вечерните часови пред изборите имало присутност на возила со затемнати прозори и без регистарски ознаки кои најчесто стоеле паркирани на раскрсници од каде што може да се набљудува секакво движење.