НОВИ ДОКУМЕНТИ ОД ВИКИЛИКС: Али Ахмети го цинкарел Груевски – Екс премиерот по ниедна цена не прифаќал промена на идентитет и име!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ во очи на референдумот за промена на името во јавнсота извади само еден допис за наводен разговор за името помеѓу екс премиерот Никола Груевски и екс амбасадорката на САД, Џулија МИлованович од Викиликс. Разговорот беше изваден од контекст со надеж дека народот ќе го гледа тоа површно и нема да го анализира подлабоко бидејќи во тој разговор ниту се зборело или барало промена на уставното име, ниту институционално откажување од националноста , ниту пак откажување од историјата.

Во разговорите и дописите протечени на Викиликс кои неодамна беа објавени во македонската јавност единствено се говори референцата ФИРОМ да се замени со друга, што во превод значи дека 140-те земји кои веќе ја имаат признаено Македонија под уставното име ќе продолжат да ја викаат нашата држава Република Македонија и во тој случај не би имало потреба како денес да го менуваме Уставот, ниту пак да се откажеме од сите оние работи од кои се откажа владата на СДСМ.

Во документите објавени на Викиликс, Ахмети се жали во амбасадата на САД дека ставот на Груевски за заштита на македонскиот национален идентитет и штети на ДУИ. Иако Ахемти е фрустриран тој во овој период се уште нема намера да ја напушти владината коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поконкретно еден од дописите на американската амбасада во Скопје до Вашингтон објавен на Викиликс, говори за фактот како Ахмети се жалел во амбасада дека немањето на прогрес во решавање на проблемот со името прави проблеми  во коалицијата помеѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. Кога Ахмети се обидел да изврши притисок врз Груевски за решавање на проблемот, екс премиерот му потенцирал на својот коалиционен партнер, Ахмети дека грчката страна се обидува во проблемот со името да ги вметне и идентитетот, јазикот и уставните измени. Тогашниот амбасадор на САД вели дека не верува дека тврдењата на Груевски се точни, за на крајот да се испостави дека Груевски ја говорел вистината, а Заев станал дел од планот на Грција јазикот, идентитетот  и уставните измени да станат дел од решението на спорот за името.

 

Линк до дописот:

https://www.wikileaks.org/plusd/cables/10SKOPJE52_a.html

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This