Нови дokaзи за вековниот континуитет на Maкедонците – На ред се грчките архиви кои ги кpиjaт како змиjaта нозете

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Драги Стојковски продолжува со своето истражување на историските архиви од САД и пошироко во кои има непобитни факти и докази за постоење на македонски јазик и народ со векови, поточно во изминатите 200 години.

Претседателот на Организацијата Обединети Македонци на Канада овој пат обработува пописни материјали од Грција длабоко закопани во нивните архиви.

-Предизвик до сите Македонци – број 5, 22 мај 2021

Денес ќе ги обработиме пописите малку поблиску до дома. Имено, иако Грција крие добар дел од своите архивски материјали за Македонија, сепак, со малку истражување може да се дознае доста околу македонската посебност, иако тешко е да се знае колку се веродостојни самите бројки.
Првиот попис по окупацијата на дел од македонската територија е спроведен во 1913 година. Во објавените пописни книги никаде не се спомнати Македонци или македонски јазик. Меѓутоа, на табелите за бројноста на градовите и селата се проткајуваат македонски имиња како Воден, Сорович и други (во оригинал – Edessa (Vodena), Sorovits). Пописните резултати од овој попис може да се најдат тука http://dlib.statistics.gr/Book/GRESYE_02_0101_00009.pdf.

Следниот попис е спроведен од 19 декември 1920 до 1 јануари 1921 година

(http://dlib.statistics.gr/Book/GRESYE_02_0101_00011.pdf). Пописните резулттаи за грчко поробениот дел од Македонија сеуште се чуваат во „бункер“. Не само странски, но и грчки истражувачи немаат пристап до овие податоци. Меѓутоа, има податоци за Тесалија каде се попишани говорители на македонскиот јазик. Имено, на страница 97, има табела под број 18, која е поделена на два дела. Левата страна е за состојбата во 1920 година, додека десната страна, за споредба, ја дава состојбата како што била во 1907 година, иако, по подолго истражување во двата тома за пописот од 1907 година истите податоци ги нема. Во оваа табела, под наслов „Разделување (разграничување) по јазик и настава“ (во оригинал на француски – Repartition par langue et instruction) за градот Трикала ги дава следните податоци: во 1907 година имало 591 поединец (330 машки и 261 женско) кои зборувале македонски јазик (во оригинал на француски – Macedonienne); додека во 1920 година имало 37 поединци (сите машки) кои зборувале македонски јазик (во оригинал на француски – Macedonienne).

Интересно е да се забележи дека многу топоними во Тесалија кои се спомнуваат во пописните книги воопшто не личат на грчки, како на пример: Порта Пазар, Рапчишта, Турново, Белетци, Бучоница, Мироково, Нова Смолиа, Голема Смолија, Паница, Велика Полјана, Мала Полјана, Курсово, Лестено, Веренико, Ворјани, Смоково, Босклаво, Боковица, Лиасково, Меричово, Глоговица, Лепеница, Боровико, Лимбочово, Острово, Војвода, Гаврово, Долјана, Драговица, Село, Царицани, Гликово, Дријаново, Црнило, Коњаци, Загора, Ниволјани, Стравина, Граменица, Гримбово, Лупишта, Благовица, Врачица и Врентеница (во оригинал – Porta Pazar Rapsista, Tournavo, Beletsi, Bouchounitsa, Myrokovo, N Smolia, Paleo Smolia, Panitsa, Poliana Megali, Poliana Mikri, Coursovo, Lesteno, Veternico, Vorjani, Smocovo, Bosclavo, Boucouvitsa, Liascovo, Merichovo, Glogovitsa, Lepenitsa, Borovicos, Limbochovo, Ostrovos, Voivoda, Gavrovo, Doliana, Dragovista, Selo, Tsaritsani, Glicovo, Drianovo, Tsernilo, Coniatsi, Zagora, Nivoliani, Strevina, Gramenitsa, Grimbovo, Loupsista, Blagovitsa, Vratsista, Vrentenitsa).

Следните два пописа, од 15-16 мај 1928 година и во 1930 година
(http://dlib.statistics.gr/Book/GRESYE_01_0002_00001.pdf), користат исти податоци за таканаречен македоно-словенски јазик. Имено, на страница 98, табела 37, под наслов „Разделување (разграничување) на населението по вера и јазик за 1928“ (во оригинал на француски – Repartition de la population par religion et langue – recens. De 1928), има вкупно 81.984 (38.620 машки и 43.384 женски) кои зборувале македоно-словенски јазик (во оригинал на француски – Macedonoslave). Верската поделба е следна: 81,844 биле со православна вероисповед, 68 католичка, 11 протестантска, 2 муслиманска, 58 израелска (во оригинал на француски – Israelites) и еден бил без вероисповед.

Да се надеваме дека нашите историчари ќе смогнат сила и доблест понатаму да ги истражат и доработаат горенаведените податоци.
До следната објава,
Драги Стојковски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This