April 23, 2024, 10:47 am

НОВИ КРИТИКИ ОД БРИСЕЛ ЗА ВЛАДАТА НА ЗАЕВ: Предлогот за контрола врз ОТА е неквалитетен и отвара можност за злoупoтpeба!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Предлог законските решенија кои во моментов се во првична фаза во Собранието се лоши и ќе влијаат на намалување на квалитетот за надзор над службите кои спроведуваат посебни истражни мерки, е заедничкиот заклучок на Комисијата во Собранието која се занимава со оваа проблематика и експертскиот тим на Европската Унија предводен од Маурицио Варанезе. Тие се согласни дека со ваков текст истите не треба да поминат во Собранието, анализира телевизија Алфа.

-Нелогично е од една страна да градиме капацитет за поквалитетен надзор со едни закони, а со други измени да тој надзор го рушиме. Сметаме дека во ситуации кога граѓаните имаат прилично нарушена доверба во овие институции, дека нашите активности односно активностите на законодавецот треба да овозможуваат што е можно поквалитетен надзор, со кој ќе се придобие довербата на граѓаните кон овие институции, изјави Емил Димитриев.

Експертите сметаат дека Република Македонија доцни во имплементирањето на законите кои што ја регулираат сферата на надзор над службите за безбедност. Претседателот на комисијата Емил Димитриев, истакна дека проблематичен бил и огласот за избор на Советот за надзор, кој според него требало да биде поништен и да биде распишан нов потранспарентен.

-Тука пред се се мисли да доцнењето на формирањето на Граѓанскиот совет, кој што треба да ги контролира овие институции и се уште немаме ангажман на експерти кои што ќе бидат во функција на Комисијата која што ја водам за контрола над службите, изјави Емил Димитриев.

Димитриев денеска уште еднаш се пожали дека претседателот на Собранието, Талат Џафери, се уште нема одобрено буџет за ангажирање на експерти, кои според нив се неопходни за квалитетна контрола над службите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This