НОВИ МЕРКИ ЗА АМЕРИКАНСКА ВИЗА: Треба да ги дадете сите телефонски броеви имејл адреси и профили на социјалните мрежи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стејт департментот предложи нови мерки за добивање американска визаПатниците кои сакаат да ги посетат САД наскоро ќе мора да ги дадат своите идентитети на социјалните мрежи, претходните телефонски броеви и имејл адреси, соопшти вечерва американскиот Стејт департмент.

Таа мерка на годишно ниво ќе се однесува на околу десет милиони луѓе кои сакаат туристичка виза или да имигрираат во САД. Ова нема да важи за дипломати и валдини претставници.

Во предлогот не  се споменува програмата за иземање од визи (ESTA) што ја користат граѓаните од околу 40 богати земји, меѓу кои и 30 од Европа. Оваа програма овозможува 90 дена престој во САД без  виза.

Патниците ќе имаат обврска да дадат информации за последните пет години. Тоа ќе се однесува на претходните патувања во странство, телефонските броеви што ги користеле во тој период, имејл адресите и профилите на социјалните мрежи.

За новиот предлог и неговото донесување ќе се одлучува на 29 мај.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This