НОВИ ОТПУШТАЊА: Воспитувачки од градинка во Чаир останаа без работа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Две воспитувачки од градинката „Снежана“ во Чаир останаа без работа, објави телевизија Алфа. Родителите и дечињата од групите Пчелки и Букетче  денеска се собраа пред општината Чаир.

Со вознемирување и солзи во очите пред камерите зборуваа за проблемот со кој се соочуваат, тие гласно говореа дека не сакаат воспитувачките Стојне и Ратка да бидат избркани и заменети со нови, бидејќи како што велат воспитувачките биле одлични педагози, полни со креативност и љубов.

Родителите на децата кои ја посетуваат оваа гадинка бараат аботниот однос на двете воспитувачки да биде продолжен на неопределено време.  Воспитувачката Ратка работела 2 години и 6 месеци во градинката, а наместо да добие решение, добила раскинување на договорот и покрај тоа што во месец март двете воспитувачки биле волонтери.

Загрижените родители се обратиле до директорката на градинката и доставиле петиција, се обратиле и до градоначалникот на општина Чаир, а и до министерстовото за труд и социјала каде наишле на одговор дека согласностите за вработените од определено да добијат решенија за неопределно време се испратени  до општина Чаир.

Ова не е прв случај на отпуштања од работа на воспитувачки и покрај тоа што им било ветувано дека нивниот работен статус ќе биде регулиран. Минатата година министерката Царовска го промовираше проектот за воведување втора смена во градинките, па атоа и се наметнува прашањето зошто воспитувачките се бркаат од работа, кога има недостиг од вработени?

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This