April 23, 2024, 11:03 am

Нови податоци од историските архиви: Британски патописец пронашол Македонци пред повеќе од 1 век во Егејска Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Предизвик до сите Македонци – број 8, 31 мај 2021

Мојот грчки преведувач невнимателно го даде одговорот „бугарски“. Самиот човек рече „македонски“!

Пишува: Драги Стојковски

Низ вековите, стотици, ако не и илјадници патеписци прокрстариле низ Македонија и пошироко низ македонскиот полуостров. Сите тие патувале со водичи и преведувачи кои биле Грци, Срби или Бугари, но досега сеуште немаме пронајдено некој кој пропатувал со водич и преведувач Македонец. И не е чудо ако некои патеписци воопшто не виделе Македонци во Македонија. Чудо е што и покрај шовинистичките влијанија на соседските водичи и преведувачи, сепак има бројни патеписци кои не само што виделе Македонци, туку и биле толку внимателни што успеале да ги фатат лагите на преведувачите.

При оваа објава ќе се навратиме на една од тие патеписни случки, каде лагата е фатена на дело. Имено, Ален Апворд, како пратеник на британската влада да ја истражи состојбата во отоманска Македонија во 1907 година, со својот преведувач Грк, пристигнал во Воден. На стр. 202-4 од книгата „Источниот дел на Европа“ која ја објавил следната година (Upward Allen, The east end of Europe, John Murray, London 1908 – https://archive.org/details/eastendeuropere00upwagoog), Апворд пишува:

„На вториот ден од мојот престој во Воден јас се прошетав со г-дин Калопатакос до две села…до Владова, првото село, пристигнавме по дво-часовно возење…Побарав човек кој е водечка личност во местото, и тој дојде во стражарницата и ги одговараше моите прашања во присуство на турскиот капетан…прашав кој јазик го зборуваат и мојот грчки преведувач невнимателно го даде одговорот ‘бугарски‘. Самиот човек рече ‘македонски‘! Јас го обрнав вниманието на тој збор и сведокот објасни дека тој не го смета селскиот дијалект користен во Македонија ист со бугарски и одби да го именува со тоа име. Тоа беше македонски, збор на кој тој ја даде словенската форма македонски…“

Подоцна, во селото Нисија, Апворд пишува – (Стр. 209) „Сопственикот на куќата ни ја даде приказната за селото, или поточно кажано свештеникот ни ја даде во негово име, преведувајќи од македонскиот во грчки.“

Во Солун (Стр. 2018), во хотелот Гранд-Солун, Апворд сретнал човек кој „зборувал одлично грчки“ и доаѓал од соседното „село наречено Клабашница“. Понатаму човекот го известува Апворд за селото – „има 64 куќи, ни една не е бугарска“, и дека „луѓето меѓусебе зборуваат македонски“.

Ако ова е единствена ваква случка, доволно би било сите порекнувачи на посебноста на македонскиот народ да ја видат светлината на денот. Но, за жал, ако тие беа осветлени и освестени, немаше да ги нарекуваме Бугари. За наша среќа, вакви примери каде се одбележува македонската посебност има илјадници.

До следната објава, пишува Драги Стојковски претседателот на Организацијата Обединети Македонци од Канада на Фејсбук.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This