НОВИ ПРЕВИРАЊА ВО ШПАНИЈА: Новиот каталонски претседател одбива да се заколне на верност кон шпанскиот крал и Уставот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новоизбраниот претседател на Каталонија, Квим Тора, во четвртокот положи свечена заклетва, но не се заколна на верноста кон шпанскиот крал Фелипе VI и уставот на земјата

“[Јас] ќе ја извршувам функцијата шеф на владата, посветен на волјата на народот и избран од парламентот”, рече Тора во краткиот говор, во кој не положи свечена заклетва кон шпанскиот крал и на Уставот.

Во понеделникот, каталонскиот парламент го избра Тора, пратеник од партијата Хунтс пер Каталуња, како претседател на автономниот регион.

На церемонијата не присуствуваа претставници на шпанската влада.

Тора се нарекува привремен шеф на каталонската влада, бидејќи тој верува дека поранешниот каталонски лидер Карлес Пучдемон, кој се соочува со можна екстрадиција во Шпанија, каде што тој е обвинет за бунт, останува вистинскиот претседател.

На 1 октомври, Каталонија одржа референдум за независност, кој не беше признаен од страна на централните власти. Резултатите покажаа дека поголемиот дел од Каталонците го поддржуваат отцепувањето, а регионалниот парламент еднострано објави независност подоцна во октомври. Како одговор, Мадрид наметна директно владеење над автономниот регион, го распушти каталонскиот парламент и повика на предвремени избори. Неколку лидери кои се залагаа за независност беа затворени, додека други избегаа од земјата.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This