НОВИ ПРЕПУКУВАЊА НА РЕЛАЦИЈА МОСКВА – ВАШИНГТОН: Русија не се мешаше во внатрешните работи на Македонија туку САД!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Повторно се слушаат обвивувања на сметка на Москва за мешање во внатрешните процеси во Македонија. Она што Метју Палмер го кажа во Скопје, за вмешаноста на Русија е смешно. Би сакале да потсетиме дека на 19 октомври, САД, а не Русија, со помош на нечесни методи, уцени, закани и поткупување на пратеници, ја протуркаа во македонското собрание одлуката за почеток на постапката за измена на Уставот на Македонија. Американскиот амбасадор во Скопје беше во зградата на Собранието и управуваше со овие процеси, рече Захарова, пренесува Спутник.

Таа истакна дека против Преспанскиот договор не е Русија, туку самите македонски гласачи кои го покажаа својот став на референдумот на 30-ти септември.

Високиот американски официјален претставник, Метју Палмер, ја искритикува претходно Русија за наводно мешање во процесите во Македонија и апелираше до владејачкото мнозинство во Собранието да ги усвои уставните измени, нарекувајќи ја оваа можност единствена, која нема да се повтори-информира Спутник Србија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This