НОВИ ПРОТЕСТИ ПРЕД ВЛАДАТА: Работниците од ,,Еурокомпозит” без денар ја дочекаа Новата година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Работниците од загубарот „Еурокомпозит“, освен што Новата година ја дочекаа без денар, по вчерашните изјави на директорот Златко Граорски дека во моментов пари немало ниту за плати, ниту пак за ветените отпремнини за работниците кои заминаа како технолошкиот вишок, стравуваат дека по којзнае кој пат пак се лицемерно излажани и изманипулирани и дека нивната агонија само се продлабочува. Тие денеска прекинаа со работа, а за в среда најавуваат протести пред Владата.

Револтираните работници, крајно загрижени за својата иднина, велат дека повеќе не веруваат никому и бараат оставка од актуелниот директор на Фабриката.

Директорот на Фабриката, пак, Златко Граороски, кој одби да даде изјава пред камерите, со образложение дека не смеел да дава изјави, телефонски не информираше дека во вторник требало да се сретне со вице-премиерот Кочо Анѓушев, по што ќе се знаело што и како понатаму ќе се одвивале работите во овој македоски загубар, во кој работниците од месец септември досега на име плата имаат вкупно добиено по 20.000 денари, а на име отпремнина само 25.000 денари од ветените околу 100.000 денари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This