April 23, 2024, 10:49 am

НОВИ СЛУЧАИ ЗА СЕКСУАЛНО ЗЛОСТАВУВАЊЕ:Уште два нови случаи на сексуално злоставување во Домот „25 Mај“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Случајот со 13-годишната ромска девојка Р.И. која останала бремена поради сексуално злоставување, се чини, не е единствен меѓу штитеничките во Домот за деца и младинци со воспитно-социјални проблеми „25 Мај“. Европскиот центар за права на Ромите (ЕРРЦ), добил слични сведочења за сексуално злоставување од две сестри Ромки, кои, исто така, биле штитенички во Домот „25 мај“.

Имено, В.А. (16) и Л.А. (13), често пати исчезнувале од Домот и нивните исчезнувања не биле пријавувани во полиција или кај родителите.

Според нивните искази, постар маж ги земал од Домот за згрижување и ги однел кај Старата железничка станица во Скопје, каде сексуално ги злоставил.

Од ЕРРЦ велат дека нивната мајка го пријавила случајот во полиција и ги однела на гинеколог, кој заклучил дека девојките навистина биле жртви на сексуално насилство.

Адвокатката Сенада Али од ЕРРЦ, за МИА изјави дека Центарот ги поддржува родителите на трите сексуално злоставувани девојки во покренување на судска постапка против Домот „25 Mај“, Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, како и против Министерството за труд и социјална политика.

Али наведе дека, на ден 26.01.2017 година, со Решение 3 ВПП-361/16 од Основен суд Скопје 2, судот ѝ ги вратил родителските права на мајката на двете девојчиња, но Центарот за социјална работа и покрај тоа, се уште, не ѝ дозволува да си ги згрижи своите деца.

Со Решение УП 3001-249 на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи на Скопје, од 5 ноември минатата година, се образложува дека мајката нема услови да ги згрижи своите деца и покрај тоа што фактичката ситуација не е констатирана и не е целосно утврдена.

– Поднесена е жалба до Министерството за труд и социјална политика за неимплементирање на пресудата од страна на Центарот за социјална работа, за враќање на девојчињата на мајката, посочи Али.

Моментално двете девојчиња се дадени на згрижувачки семејства. Истите имаат и помала сестра која е во Домот за деца без родители „11 Октомври“.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This